- Одговорно лице
BSH Hišni aparati d.o.o. Nazarje, Savinjska cesta 30, 3331 Nazarje (во натамошниот текст од известувањето „Ние“), како оператор на интернет страницата https://www.bosch-promocije.ba („Bosch Home Appliances“), е лицето кое е одговорно за работењето со личните податоци на сите корисници на информациски услуги за апаратите за домаќинство Bosch („Вие“).
Ние многу сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични информации. Имаме преземено технички и организациски мерки така што ние и нашите даватели на услуги да бидеме со сообразност со регулативите за заштита на податоци.
Во согласност со применливите регулативи за заштита на податоци, ние во продолжение даваме информации за природата, степенот и целта на собирање, обработување и користење на податоците кои ги собираме од Вашата употреба на страницата за апарати за домаќинство на Bosch.
- Лични информации
Лични информации се сите информации кои може да се употребат за идентификување на вашиот идентитет. Таквите информации може да бидат, на пример, Вашето име, поштенска адреса, е-адреса или телефонски број. Со користење „колачиња“ (Општ дел 1) кои не се директно поврзани со Вашиот идентитет, може да се собираат информации, на пример, за тоа како ги користите апаратите за домаќинство на Bosch, што исто така може да се смета за лични информации. Таквите информации се засновани на идентификување на одредувањата на корисникот и со тоа се индивидуализираат, собираат, складираат и проценуваат. Информациите кои не се лични се информации кои единствено се собираат, односно групираат во големи и нефлексибилни единици, се резимираат, собираат и проценуваат.
- Собирање и присвојување податоци
Можете да ги користите информациските услуги за апаратите за домаќинство на Bosch без да го откривате Вашиот идентитет. Деталите од информациите кои ги собираме на стандардна основа кога ќе пристапите до информациски услуги се наведени под „Дневници на интернет сервер“ и „Кориснички профили кои користат псевдоними“.
Сите лични информации кои сте ни ги доставиле се користат и обработуваат за целите за кои сте ни ги доставиле таквите информации. На пример, ги користиме информациите примени преку формуларот за контакт за да го обработиме Вашето барање.
- Дневници на интернет сервер
Кога ќе пристапите до информациските услуги за апарати за домаќинство на Bosch, Вашиот интернет прелистувач е технички конфигуриран автоматски да ги препраќа следните информации („Податоци во дневникот“) на нашиот интернет сервер, кои потоа ќе ги преземеме во датотеките од дневникот.
• Датум на пристап
• Време на пристап
• URL адреса на посредничката интернет страница
• Пренесени датотеки
• Количество на пренесени податоци
• Типот и верзијата на прелистувачот
• Оперативен систем
• IP адреса
• Име на домен на Вашиот интернет провајдер
Овие информации се исклучиво такви што не дозволуваат разоткривање на Вашиот идентитет. Овие информации се неопходни за технички цели со цел правилно да се обезбеди содржината која сте ја побарале, и нивното собирање е неизбежно за користење на нашите интернет страници. Податоците од дневникот се анализираат исклучиво за статистички цели за да се подобрат нашата интернет страница и основната технологија, а потоа истите се бришат.
- Разоткривање податоци на надворешни трети лица
За обезбедување информациски услуги за апаратите за домаќинство на Bosch, ние соработуваме со голем број различни даватели на услуги. Со оглед на тоа што овие даватели на услуги ги имаме обврзано да работат во согласност со нашите стриктни упатства за обработка на податоци, на пример, да вработуваат обработувачи на податоци во согласност со локалните закони за заштита на податоци, Вашата дозвола за обработка на Вашите податоци од страна на трето лице не е неопходна.
Ако во други случаи, одредбите за заштита на податоци пропишуваат да добиеме Ваша согласност за обезбедување лични информации за корисници на услугите за апарати за домаќинство на Bosch, за тоа ќе Ве известиме лично и нема да ги препраќаме Вашите информации без Ваша претходна согласност.
- Регистрација на апарати за домаќинство на Bosch
Кога ќе се регистрирате за користење на нашата персонализирана услуга, ние исто така собираме одредени лични информации. Во текот на процесот на регистрација, ги бараме следните информации:
- Име и презиме
- Улица, број, поштенски код, град
- E-Nr, FD и Z-Nr
- Датум на купопродажба
- Е-пошта
- Телефонски број (опционално)
Ако сте регистрирани, можете да пристапувате до содржина и услуги кои се нудат исклучиво на регистрирани корисници. Регистрираните корисници, исто така, во секое време ја имаат опцијата за промена или бришење на информациите кои ги доставиле во текот на регистрацијата. Покрај тоа, ние во секое време можеме да ги препратиме сите детали за личните информации кои сме ги собрале за Вас. На Ваше барање, ние ќе ги коригираме или избришеме информациите кои ги имаме за Вас, освен во случај на законски задолжителен период. Ако сакате да стапите во контакт со нас во врска со овие прашања, употребете ги информациите за контакт наведени на крајот од оваа Политика на приватност.
- Формулар за контакт
Кога ќе стапите во контакт со нас преку е-пошта или преку формуларот за контакт, деталите кои ги доставувате се складираат и се користат за целта на обработка на Вашето барање и за какви било други дополнителни прашања.
- Информации за малолетни лица
Малолетните лица не треба да ни ги испраќаат нивните лични информации без согласност од нивните родители или старатели.
- Линкови до други интернет страници
Информациските услуги вклучуваат линкови до други интернет страници. Ние немаме влијание врз почитувањето или непочитувањето на овие даватели на услуги на правилата за заштита на податоци.
- Право на информации и корекции, бришење и блокирање податоци
Сите прашања во врска со заштита на податоци или барања за корекции, блокирање или бришење на Вашите лични информации испраќајте ги директно до лицата за контакт кои се наведени во правното известување на оваа интернет страница.
- Измени во Политиката на приватност
Политиката на приватност ќе биде изменувана по потреба за да се соопшти промена во нашите услуги во однос на заштитата на податоци, на пример, кога се воведуваат нови услуги или при воспоставување сообразност со нови законски прописи.
- Контакт
Ако имате какви било прашања во врска со заштитата на податоци, можете да ни испратите е-пошта на следната е-адреса:
Е-пошта: BSH-Dataprotection-InformationSecurity@bshg.com
Горната Политика на приватност ќе биде во важност од 1. октомври 2017 г.